Драги мои измина периодот на Божиќните и Богојавленски празнувања. Ги прославивме овие празници секој на начин кој беше најдобар за него. Сепак сите начини на празнување се вклопуваат или не се вклопуваат во два општи генерални начини на празнување литургискиот и традиционалистичкиот. Она пак што ме мотивира да пишувам за оваа тема е моето скромно пастирско свештеничко искуство, и моето долгогодишно искуство како верник.
Литургиски начин на празнување подразбира, свест за самата содржина на празникот кој го празнуваме, подготовка за празникот преку пост молитва и Богоугодни дела, и на крајот како круна на се, учество во литургијата, и причестување со светите тајни Христови. Преку литургијата и преку литургиското прославување не само што учествуваме во споменот, односно во историската димензија на настанот или светителот кој го празнуваме, туку и ние стануваме учесници , и причесници во самиот настан, и самото празнување за нас постанува и поттик за преобразба на нашиот живот. Во православната Црква сите нејзини членови својот идентитет го црпат токму од литургијата, без разлика дали станува збор за клирици или лаици. Ако се согласиме дека е така, тогаш дали некој може да каже дека го прославил Божиќ , ако не отишол во Црква на литургија и не се причестил, ако не се потрудил да го пости Божиќниот пост, ако не знае што се празнува на Божиќ????
Ние би рекле не. Но многумина би ни одговориле дека иако не отишле во Црква сепак го прославиле Божиќ. Кога ќе ги запрашаме како го прославиле ни наведуваат, дека палеле коледарски огнови, пиеле блага ракија, испалиле огномет или испекле прасе и се прејале и опиле. Или на Водици направиле разнообразни обичаи, врзување -одврзување крстови, кумови на крстот, пеење и играње и слично, за литургија и причест ни збор. Сите овие постапки и обичаи и многу други, се нарекуваат традиционалистички начин на празнување.
Сега се поставува прашањето на кој начин треба да се празнуваат празниците?
Се разбира литургиски пред се, бидејќи без тоа и нема празнување. Секако може да се прифатат и некои работи од традиционалистичкиот начин на празнување кој не се спротивставени на православното предание. Но секогаш акцентот да биде ставен на литургиското празнување. За жал денес е поинаку празнувањето во многу места се сведува традиционализам а, од литургија нема ни Л. Треба многу труд и од страна на свештенството но и од страна на народот, да се стави акцент на литургиското празнување на празниците.
Литургиски или традиционалистички начин на празнување.
The URI to TrackBack this entry is: http://prezviteraleksandar.wordpress.com/2010/01/19/%d0%bb%d0%b8%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0/trackback/





Благослови,
Проблемот на традицијата (и тоа не само нејзиниот пагански аспект) е што човекот го враќа назад, во минатото, и го заробува во космолошката историја. Од друга страна, Литургијата ни го нуди есхатолошкиот претвкус, ни ја нуди вечноста преку сегашното заедничарење околу Путирот: самата химнографија не’ упатува на тоа. На пример, кондакот на Предпразненство на Рождеството Христово започнува: „Дева денес предвечното Слово во пештера оди да го роди неизречено“. Значи, Литургот не го гледа настанот на воплотувањето, кој (да нема забуни) се случил еднаш во времепросторот, како нешто минато и далечно, туку напротив, како нешто вечно ново, нешто низ што секоја година ние како личности поминуваме.
За жал, духот на традиционалниот паганизам денес се чувствува се’ посилно меѓу верните. Но, ќе даде Бог, ќе се избори Црквата.